Во салата „Јане Сандански“ во Скопје“ ја совладаа репрезентацијата на Литванија 26:17 и изборија пласман на 17. Европско првенство што ќе се игра во јануари следната година во Норвешка, Данска и Шведска.

Литванците одлично го почнаа натпреварот и поведоа со 0:4. Македонија ја стабилизира играта и почна да ја топи предноста на противникот. Во вториот дел од првото полувреме Мартин Томовски фати неколку тешки топки во важни моменти, што на Македонија и овозможија најпрвин да израмни, а потоа и да поведе.

Дел од успехот беше охриѓанецот Мартин Ивановски кому ова му беше втор официјален меч во сениорската репрезентација. Мечот го заврши со 2 гола. Дел од составот што избори деветти настап на Европските првенства за Македонија беше и искусното крило на ГРК Охрид, Гоце Ојлески.

Најефикасни во редовите на Македонија беа капитенот Кузмановски и Серафимов со по 5 гола, Пешевски и Џонов постигнаа по 3. Мартин Томовски мечот го заврши со 11 одбрани.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *