Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.
Следува период на променливо облачно, топло и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, наместа во форма на краткотрајно невреме. :Температурите за време на овој период постепено и секојдневно ќе опаѓаат, што значи дека полека ќе навлегуваме во период со значително пониски температури кои ќе бидат потпросечни за мај.

