Монтираниот објект на местото на споменикот на Александар Македонски на штипскиот плоштад продолжува да предизвикува бурни реакции кај граѓаните, но нивниот глас останува игнориран.
ЕнџелсФм по поднесените прашања кои ги упати до секретарот на Општина Штип за кои чекаше одговор во врска со закупот на овој објект, не доби прецизен одговор.
Кој бенифит ја има Општината од сето ова? Кои се дејностите кои ќе се извршуваат? И зошто објектот се води под програмата за урбана опрема, кога под таа дефиниција спаѓаат киосци за билети, весници, сувернири и слично?
Како одговор добивме само општа формулација дека “објектите се поставени во согласност со програмата за урбана опрема, според нивната намена и површина”. Но, конкретен одговор на прашањата -Нема!
Не е објаснето зошто токму оваа јавна површина е доделена за комерцијални цели, на сметка на општиот интерес.
Одговорот ќе го почекаме од страна на Општината бидејќи денеска е поднесено и барање за инспекциски надзор.
ЕнџелсФм ќе продолжи да го следи случајот во интерес на јавноста а не на Општината!