Од 4ти до 6ти април кик бокс клубот Гладијатор Фајт од Штип ќе учествува на европскиот куп “Grand Prix” во Сараево Боите на нашиот клуб ќе ги бранат тројца натпреварувачи:
- Антонија Тасева во киклајт до -60кг
- Јован Јанковски во киклајт до -47кг
- Љупчо Коштанов во киклајт до -47кг
На овој натпревар ќе учествуваат повеќе држави од балканот и пошироко а сите натпреварувачи се во кадетска конкуренција.
Јас како тренер на клубот сум задоволен од посветеноста и формата на натпреварувачите, ќе дадеме сѐ од себе за гордо и достоинствено да го претставиме нашиот клуб и боите на нашата држава. Припремите за ова првенство траат повеќе од еден месец каде што натпреварувачите работеа на кондициско-техничка спремност, ги поправија грешките од претходното првенство и го извадија најдоброто од себе. Се надеваме на одлични резултати. истакна претседателот и тренер на клубот Шенол Асанов и помошник тренер Викторија Варадинова