Иако работи една година сепак новата странска инвестиција во Штип „Магна“ ќе биде отворена утре. Досега се вработени околу 200 вработени а се предвидени околу 600.
Во почетокот на изградбата на фабриката, беше најавено дека просечната плата за вработените ќе изнесува 850 евра, меѓутоа, реалноста изгледа поинаку. Наместо ветените 850 евра, почетната плата во фабриката се движи околу 500 евра, што значително се разликува од првичните очекувања.
Најголем дел од вработените се од Кавадарци, Велес, и Штип.
Инаку станува збор за фабрика на канадската компанија „Магна“, која почна да се гради во 2023 година, веќе една годинa во Штип произведува компоненти за автомобилската индустрија.
