Здравко Чолиќ ќе одржи концерти на 2, 3 и 4 јуни во салата „Борис Трајковски“ во Скопје откако беа одложени настаните од 18, 19 и 21 март поради пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Третиот концерт првично требаше да биде во салата „Јане Сандански“, но во новиот термин има промена на локацијата, па и тој ќе се одржи во „Борис Трајковски“. Билетите се продаваат преку мрежата на Мк тикетс.

Една од најголемите музички ѕвезди во поранешна Југославија ќе пее во Скопје по шест години пауза, овојпат со симфониски оркестар, составен од 50 музичари од Биг бендот од Нови Сад и од оркестарот на Операта на Српскиот народен театар од Нови Сад. Новите аранжмани на неговите хитови прилагодени за оркестар ги подготви диригентот Федор Вртачник.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *