Македонската фудбалска репрезентација беше многу блиску до победа, освојување на три бода и искачување на првото место на табелата.

Бојан Миовски го отвори резултатот во 91-та минута од натпреварот, додека Дејвид Брукс израмни во последните 20 секунди од судиското продолжение кое траеше шест минути.

Селекторот по синоќешното реми со Велс се уште не може да поверува како испуштиле победа.

Не верувам дека момците од еуфоричност направија грешки, но такви моменти се случуваат. Да завршеше без голови, можеби ќе беа сите задоволни, а вака се чувствува некоја горчина за загубените два бода“, дополни Милевски.

Македонската фудбалска репрезентација им оддаде почит на 59 жртви во несреќата во Кочани запирајќи ја играта на натпреварот со Велс точно во 59-тата минута.На стартот на квалификацискиот дуел од Мундијалската кампања против Велс пред преполната Арена во Скопје, прво одекна химната на Македонија а потоа следуваше минута молк од 22.000 гледачи.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *