И додека сите знаат дека Дозвола за работа нема, а безбедноста е знак прашалник, сепак „Забавниот парк“ во Штип веќе неколку недели е послан на локација и чека да започне со работа. Според фотографиите на АngelsFM јасно се гледа дека полека се поставуваат.


АngelsFM денеска одговор побара од градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов во врска со ова.
Дали забавниот парк има добиено Дозвола за работа?
Колку е безбеден и дали има лиценца за работа?
Дали треба да функционира вакво нешто кога Штип и цела Македонија сочуствува со големата трагедија во Кочани?
„Овие детски реквизити се поставени на приватна парцела, она кое што сакам да го споделам со јавноста е дека од страна на сопственикот на овие реквизити е поднесено барање за истите да бидат ставени во употреба. Како локална самоуправа заради трагедијата која се случи во знак на сочувство на фамилиите на настраданите и повредните нема да дозволиме да биде ставен во употреба овој забавен парк, затоа што не е време за забава и не е време да се стави ваков тип на детски реквизт. Во однос на надлежностите кои ги имаме како Локална самоуправа е при секое барање за користење на јавна површина за употреба на еден ваков тип, Забавен парк да се добие одобрение, овој пат тоа одбрение НЕМА да биде издадено. Општината одлучи да не добијат дозвола, но немаат надлежност да ги отстранат, но имаат надлежност да бидат ставени во употреба. Во врска со безбедноста на истиот Забавен парк и дозволата на самите реквизити не би можел да дадам свој коментар од причина што немаме надлежност ние да ја испитаме употребната дозвола и безбедноста на самите детски реквизити… Во конкретниот случај поради трагедијата и сочувство сметам дека не треба да се стави во функција во овој период и нема да добие дозвола за работа“. истакна Иван Јорданов-градоначалник на Штип
Дали во иднина како градоначалник ќе барате да се провери лиценцата и безбедноста на ваквите Забавни паркови? Колку се безбедени?
Во секој случај потребните документи кои ќе бидат доставени и побарани од наша страна ќе има потреба да се достави дозвола за употреба на самите детски реквизити, бидејќи безбедноста на граѓаните треба да биде прес се и над се! Истакна Јорданов
Како што информираат од Општина Штип за Ангелс ФМ, до сега биле испратени две инспекции на локацијата, но без конкретни мерки или санкции.
Но и понатаму останува загриженоста кај граѓаните за безбедноста на нивните деца кои стравуваат од можни последици и дали сите потребни законски регулативи се исполнети.
Тие бараат да се изнајде брзо и ефективно решение за ова прашање, односно да се отстрани и да во никој случај да не се дозволува вакво нешто.

