Мирко Попов, еден од највлијателните скопски музичари, композитори, текстописци, диџеи и продуценти. Со повеќе од 30 години активно учество на електронката музичка сцена, освен редовните настапи како диџеј и со своите бендови кај нас и во светот, тој со децении промовира концерти, фестивали, работи видеа, филмови, радиодрами, а се јавува и како композитор и издавач на околу 250 изданија на современа македонска музика.

Во 1998 година ја формирал ПМГ Рекордингс, дискографска куќа која има намера да ја регистрира и промовира квалитетната музика на новото време, славејќи ја современата култура и исправајќи историски грешки и неправди нанесени на македонската музика од блиското минато. ПМГ Рекордингс денеска е водечка независна дискографска куќа во земјата, со седумдесет изданија. Последните години на минатиот век ги донеле и првите (хаус,техно и електро) продукции, за во2003 сето тоа да прерасне во бендот ПМГ Колектив (еклектична комбинација на жив и електорнски пристап во слободен стил) каде е автор на музика, текстови и вокалист. Бендот за кратко време прераснува во еден од водечките домашни бендови од првата деценија на новиот век и веќе има издадено четири албуми и отсвирено повеќе македонски и европски турнеи.

Попов има остварено и повеќе улоги во театарски претстави, како и на филм. Автор е на неколку музички дела за театар и филм. Режирал една радио драма. Попов е роден во 1972 година во Скопје. Израснат во Градски ѕид, како што и самиот велеше во неговото „кучкар маало“.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *