Александар Ефремов замина во моменти кога неговото херојско срце се стави во служба за спас на другите, без да се двоуми, А што би очекувале друго од него?!
Момчето со широка насмевка, бесконечна ведрина, добрина…Таков како што го знаат сите.
Александар Ефремов од Штип (Efremov_Photography), се гордеевме сите со ова име, се гордееше и тој. Беше човек кој ја доловуваше убавината на моментите преку своите фотографии кои не беа само уметност, туку спомени што ќе траат засекогаш.
Беше дел од семејството на познатиот локал во Штип Angels Café, присутен на секој настан, се трудеше и ја постигнуваше неговата цел, секоја фотографија да биде спомен да биде историја…
Со својата насмевка и позитивна енергија, Аце беше човек кој секогаш ја ширеше радоста околу себе. Секој кој имал прилика да го запознае, ќе го памети по неговата безгранична љубезност и посветеност. Дури и оние кои не го познаваа лично, не би можеле а да не го забележат неговиот уникатен и оптимистички дух, насмевката позитивната енергија што ја носеше со себе…
Освен неговата најголема љубов ( фотограф) тој беше и инструктор во авто школа преку неговата професија голем број штипјани се стекнаа со возачки дозволи. За оваа професија оние кои знаат ќе кажат: „Беше учител, трпелив“ секогаш подготвен да помогне.
Нека говорат фотографиите на тие убави моменти кои Алкесандар ни ги остави а ние ќе ги чуваме.
Ќе остане запаметен како човек кој остави траен печат во срцата на сите кои го среќавале.

PHOTO BY EFREMOV PHOTOGRAPHY
пишува Никола.А
