Грчкото воено воздухопловство спроведе втор медицински транспорт на повредени лица од пожарот во Кочани. Четворица пациенти со изгореници беа пренесени во Атина, каде се хоспитализирани во воени болници.

Станува збор за четири млади лица со изгореници, кои веќе се хоспитализирани во две воени болници во Атина.Воениот авион околу 22:30 часот од воениот авион во Атина полета за Скопје, а операцијата за транспорт заврши по 2 часот по полноќ.

Во Грција на лекување се вкупно 12 лица, од кои пет во Солун и седум во Атина.

Повеќе од 70 пациенти се префрлени на лекување во странство.

Според информациите од медицинските центри во Австрија, од шест пациенти, пет се на интензивно лекување во стабилна состојба, додека еден е префрлен на интерно одделение.
Во Литванија – четири пациенти се на интензивно лекување во стабилна состојба.

Петтемина пациенти повредени во пожарот во Кочани кои беа испратени на лекување во Анкара, Турција, од денес дишат самостојно.

Во Србија во моментот се лекуваат 30 пациенти, кои се на интензивно лекување во стабилна состојба.
Во здравствени установи во Бугарија се лекуваат 14 пациенти, од кои седум се на интензивна нега, а останатите се со помал процент на изгореници и самостојно дишат.

Двајца повредени во пожарот во Кочани попладнево се пренесени во Полска на лекување, информираше Делегацијата на ЕУ во земјава на својата Фејсбук страница.

Четири повредени лица  се префрлени на лекување во Белгија.

Во Анкара во моментов се лекуваат 6 пациенти, од кои 5 се екстубирани и нивната состојба се подобрува.

 

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *