Мобилниот телефон сигурно ви е при рака. Или можеби на него ги читате овие редови. Ве фаќа уплав ако не го гледате околу себе?

Од 25 доброволци на возраст од 18 до 30 години било побарано три дена да не ги користат своите мобилни телефони, освен за итни повици или за нужни активности. На крајот од тестирањето им биле прикажани разни слики – неутрални со бротчиња или цвеќе, но и со активни и исклучени мобилни телефони. Погледот на телефон поттикнувал сигнали во делот од мозокот поврзан со награди и желби, слично како што реагираат зависници од супстанци. Промените во лачењето допамин и серотонин потврдуваат дека мобилните телефони навистина предизвикуваат зависност.
Некои учесници пријавиле дека се чувствуваат подобро, но не во доволен број за да се тврди дека апстиненцијата го подобрува расположението.

