Александар Тарабунов е автор на новата песна на хрватската група „Вигор“, насловена „Кога ќе те видам“ (Kad te vidim). Тарабунов ги напиша музиката и аранжманот,а текстот е на фронтменот на групата Марио Рот.
Поп-пејачот најавува нова песна со наслов „Заедно“. Вокалот е снимен во студиото на Андријана Јаневска
„Песната е веќе готова и работам на миксот и мастерот. Би требало да излезе следниот месец со спот“, додава Тарабунов, кој на 7 јануари ја објави својата последна песна „Снегови“.

