Утрото ведро и постудено, а преку денот сончево и релативно топло – ова е денешната временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во текот на денот ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец.

Температурата наутро ќе биде од минус 5 до 3 Целзиусови степени, а во текот на денот од 12 до 19 степени.

За утре се најавува дека утрото ќе биде ведро и постудено, а преку денот времето ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Температурата во текот на денот ќе биде до 22 степени.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *