За прв пат во живо со голем филмски оркестар на 6 април во Националната опера и балет ќе се одржи концерт на филмска музика на Кирил Џајковски.

Освен што е еден од најценетите електронски артисти од регионот тој е и успешен композитор на филмска и театарска музика. Овој концерт претставува своевидна ретроспектива на 25-годишната филмска работа на Кирил Џајковски. Филмската музика на Кирил не само што ги надополнува и издига филмските сцени, таа и живее независно од филмот. Овој концерт ќе биде одлична можност еден од најпродуктивните композитори на музика за филм на Балканот, пред македонската публика да го претстави својот извонредно големи и значаен опус.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *