Денеска се одбележува Светскиот ден на борбата против дебелината. Станува збор за сериозен и глобален проблем кој засега голем дел од популацијата. Во светски рамки околу 800 милиони луѓе живеат со оваа болест, а прогнозите велат дека до 2035 година обезноста ќе заземе пандемски размери, односно секој 4 човек ќе биде обезен. Во 2022 година, повеќе од 1 милијарда луѓе во светот живееле со дебелина. Од 1990 година, дебелината е зголемена повеќе од двојно кај возрасните, а четирикратно е зголемена кај децата и адолесцентите (од 5 до 19 години). Дебелината може да предизвика незаразни болести како што се кардиоваскуларни болести, дијабетес и некои видови рак.

Трендовите на зголемена телесна тежина и дебелина кај децата во Република Македонија се одржуваат стабилно на високо ниво. Потребен е сеопфатен и мултисекторски пристап кон дебелината, од давање приоритет на факторите од животната средина кои влијаат врз дебелината до зајакнување на здравствената заштита за превенција и контролата на дебелината како хронично заболување.

