Љупче Михајлов сребрен, Емил Павлов освои бронзен медал на Балканското првенство кое изминатиот викенд се одржа во Будва.

„Емил Павлов и Љупче Михајлов се враќаат во Штип со резултат за почит.Зборуваме за сениорски резултат кадешто ретко и кој клуб во Македонија има сениори.Балканско сениорско првенство во Будва. Сребро за Љупче,а бронза за Емил.Одлични настапи имаа и Григор Хаџикимов,Виктор Спасов и Мила Панчева.Главата горе одиме заедно кон нови предизвици“ истакна Жарко Арсовски-тренер

Македонија освои 12 медали – 2 златни, 3 сребрени и 7 бронзени и е на петтото место. Турција е прва со 20 медали (8-2-10), Србија 30 (6-11-13), Црна Гора 13 (6-4-3) и Хрватска 13 (5-5-3), па Македонија 12 (2-3-7).

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *