Состојбата на Трговскиот центар во Штип ја отсликува сериозната негрижа и нехигиенски услови кои се присутни во овој простор. Жалосно е што такви места, кои би требало да бидат центри на активност и трговија, се претвораат во жаришта на нехигиена и лоши услови за граѓаните.

Разбросаните кебиња, пластични шишиња, остатоци од храна, и уринирање го зголемуваат ризикот од ширење на зарази, што предизвикува сериозна загриженост за јавното здравје. Особено со оглед на тоа дека ова е простор со висока фреквенција на луѓе, и уште поголем ризик за здравјето на сите кои минуваат тука.

Дополнителен проблем се и двајцата бездомници кои се населени во холот на Трговскиот центар, што го отвара прашањето за вистинската грда слика на „Трговскиот центар“ во Штип.

За целата оваа ситуација граѓаните бараат реакција од надлежните поради општата здравствена состојба на самото место бидејќи стравуваат дека во најскоро време ќе се шират  секакви зарази.

Дали со ова Трговскиот центар станува жариште на нехигиена, ѓубришта и нехумани услови за граѓаните кои секојдневно минуваат на некои од трите влеза.

Аngles FM реагираште до институциите и до општина Штип за хаосот во т.н Трговски центар бидејќи ниту сопствениците ( на тој дел) ниту општината досега не крева прст да се исчисти.

Барањето е да се обезбеди чистење и одржување на овој простор, но Дали Градоначалникот ќе има сили да им нареди на сопствениците да се среди односно исчисти?

„Во врска со бездомните лице односно последниот случај направени се сите напори од страна на Општината со Црвен крст со Клничка болница, со можност за домување, згрижување од Здравствена установа, контактирано е нејизното семјество но од страна на личноста наидовме на отпор. Се работи за комплициран случај за кој надлежните институции ќе треба да постапат присилно. Во однос на Трговскиот центар и нехигиената таму сосема сте во право како медиум и навистина таму имаме лоша и грда слика.  Јас како градоначалник  досега иницирав состанок со сопствениците, граѓаните мислат дека се работи за јавна површина но сепак да напоменам дека холот и тој прстор кој го посочувате на тргосвкиот има сопственици. Се додека тој објект не се затвори нема да има решение. Се консултирав со правниот застапник во врска целиот овој проблем, таму има и судски незавршени постапки кои траат неколку години за спорна настрешници кој го прави и целиот проблем. Очигледано дека таму сеуште нема решение, но јас како Градначалник повторно и итно ќе иницирам состанок со сопственците да се најде решение и овој проблем да биде решен“ истакна Иван Јорданов градоначалник на Штип

Од тука се поставува и прашањето дали овие сопственци го почитуваат и запaзуваат куќниот совет и зошто не плаќаат бидејќи целиот град ги трпе овие нечистотии?

„Во конкретниот случај не се работи за јавна површина бидејќи делот кој што го посочувате има сопственици. Единствено како комунална инспекција можеме да им пратеме опомена а ние неможеме да ги казнуваме. Досега сопствениците се опоменувани неколку пати за одржување и чистење на овој простор а тоа е надлежност на инспекторатот за домување“ истакна Борче Везенков-Комунален инсепктор

Радио Angels FM одговор побара и од инспекторатот за домување а нивниот одговор е следен:

„Трговскиот центар е одвоена целина од станбени простории. Ние како Инпекторат за домување немам никакви надлежности. Таму надлежности има Комуналниот инспекор“ истакна Ана Давиткова- инспектор по домување

Инаку Трговскиот центар кој и онака е контроверзен во сопствеништвото има неколку судски спорови поради настанатите дивоградби, судски спор кој веќе четврта година чека на завршница во Вишиот управен суд во Штип за конечно решавање со цел да се отстранат објектите во Холот.

По објавувањето на овој прилог очекуваме итна реакција од Градоначалникот како што и вети.

 

НОВИНАР НИКОЛА.А

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *