На мермерните плочки и минусни температури во Градскиот Трговски центар во Штип, кој и воопшто не личи на Трговски центар, 40 годишната Жаклина од Радовиш веќе неколку месеци животот го поминува овде.

Расфрални ќебиња, пластични шишиња, остатоци од храна и кучиња скитиници околу неа е сликата која ја гледаат минувачите.

Згрозени токму од ваквата слика, граѓаните бараат реакција од надлежните поради општата здравствена состојба на самото место, бидејќи стравуваат дека во најскоро време ќе почнат да се шират и секакви заразни болести.

Покрај самата личност, која е изложена на лоши хигиенски услови, самата околина претставува жариште за пренос на бактерии и вируси.

Аngels Fm побара одговор од центарот за Социјални грижи-Штип, односно од директорката Билјана Бошковска.

Реакцијата на граѓаните и Центарот за Социјални грижи е следна:

„Се работи за жител од Радовиш, но со престој во Германија. Како институција најпрво и е пружена помош да се врати во Германија, каде претходно престојувала со што и е купен автобуски билет, однесена е во Куманово, но по серија инциденти кои ги напрваила повторно се вратила во Штип. Подоцна е побарана помош од нејзиното семјество да се врати во Радовиш бидејќи во нејзиниот роден град имала престој односно живеалиште за што истата повторно не сака да прифати и од таму се вратила за само два дена.”

Во координација со Црвен Крст Штип сместена е во конаците на Миријанина црква во Штип, дел каде што престојуваат бездомни лица, но Жаклина и од таму побегнала. Во меѓувреме, по неколку дена во Брзата помош и преглед во Клиничката Болница-Штип е однесена во психијатриска установа- Негорци, од каде пак ја вратиле повторно назад, бидејќи според нив таа не била за таму. Подоцна под притисок на Центарот за социјални работи повторно е побарано од нејзиното семејсто да ја врати назад, но Жаклина не сакала да соработува и да ја прифати помошта. Според Центарот за социјални работи Жаклина е конфликтна личност и не соработува. Единствениот спас е реакцијата на Полицијата.„ стои во реакцијата на Центарот за социјални работи-Штип.

Од општина Штип пак, истакнаа дека биле запознаени сите надлежни институции во врска во овој случај, но Жаклина и понатаму не прифаќа помош од никого.

Ова дефинитивно не е добра слика за Штип и за центарот на градот, особено тоа што ова место е со голема фрекфенција на луѓе а самата нехигиена може да донесе дополнително заразни болести, или со други зборови може да биде извор на епидемии кои влијаат не само на бездомните лица, туку и на целата заедница.

Прашањето е дали ќе има доволно координација и подготвеност од различни институции, како полицијата, социјалните служби и здравствените институции, за да се реши овој проблем.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *