Мајчин јазик е првиот јазик којшто човекот го учи од неговото раѓање. Меѓународен ден на мајчиниот јазик — ден на кој се одбележува мајчиниот јазик во земјите. Прогласен е на XXX седница на Генералната конференција на УНЕСКО во 1999 г, именувајќи го 21 февруари — ден на кој се одржани драматичните протести за бенгалскиот јазик.

Македонски јазик — јужнословенски јазик, дел од групата словенски јазици од јазичното семејство на индоевропски јазици. Македонскиот е службен и национален јазик во Македонија, а воедно е и официјално признат како регионален службен јазик во Горица и Пустец во Албанија каде што живее бројно македонско население, но и во Србија како официјален во општините Јабука и Пландиште, Романија и Косово. Македонски се зборува и во АвстралијаБугаријаГрцијаКанадаСАДЦрна ГораТурција, во некои земји−членки на Европската Унија и останатата македонска дијаспора. Вкупниот број на македонски говорници е тешко да се утврди поради несоодветни пописи, но бројката се движи од околу 2,5 до 3 милиони луѓе.

Според статистичките податоци, во последните три века има изумирање или драматично намалување на јазиците, особено на американскиот и австралискиот континент. Во светот денес се зборуваат околу 6.500 јазици, а на околу половина им се заканува исчезнување во многу делови од светот.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *