Претстојниот викенд, на 22 февруари 2025 година, џиу џицу клуб  „Осенсеи“ од Штип  ќе учествува на престижниот Европски Куп во Џиу Џицу, кој ќе се одржи во Беверен, Белгија. Овој важен настан ќе биде полн со возбудливи натпревари, а нашата македонска репрезентација ќе биде претставена од двајца одлични млади борци:

  • Данил Николиски во категорија У21 -56кг
  • Антонио Стојчески во категорија У18 -69кг

Тие ќе се натпреваруваат под водство на тренерот Христијан Јованов. Овој Европски Куп има големо значење за нашите натпреварувачи бидејќи се собираат важни бодови кои ќе им овозможат да напредуваат на светската ранг-листа.

Инаку во категоријата кај Данил има 9 натпреварувачи, а кај Антонио 11. Со оглед на тоа дека ова е ранкинг-турнир, секоја победа ќе биде добредојдена за што повисок пласман и место на Светската ранг-листа. За само еден месец следуваат уште  два турнира и тоа Меѓународниот турнир во Марибор, Словенија (01-03.03) и Европското првенство за кадети во Ларнака, Кипар (21-23.03)“

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *