Ботокс и филери се станале сè популарни во естетската медицина, но, за жал, сè поголем број на луѓе се одлучуваат за овие процедури без да се консултираат со стручни медицински лица. Наместо да се обратат на специјалисти или дерматолози, многумина избираат поевтини опции во козметички салони, што носи сериозни ризици и компликации. Со оглед на тоа што овие процедури бараат високо квалификуван медицински персонал и адекватни услови, важно е да се биде свесен за опасностите кои може да настанат од нестручно извршување на овие интервенции. Во денешното интервју со специјалист дерматолог, Д-р Анџелка Илиева, ќе разгледаме како недоволната информираност и ниската цена може да предизвикаат сериозни последици, кои понекогаш се непоправливи.

AngelsFm: Колку се штетни компликациите од ботокс и филери поради не знаењето на многумина кои се заинтересирани за пластичната хирургија?

Д-р Анџелка Илиева: Без разлика за што и да станува збор секогаш пациентите треба да бидат информирани дека ова се многу сериозни медицински средства. За ботоксот кој често се користи во естетската медицина, за ублажување на некои брчки доста се користи. Сепак станува збор за доста сериозни  препарати. А  што се однесува до хијалуронски филери тоа се пополнувачи, медицински средства наменети да стојат во ткивото некои траат една година, некои траат и подолго. Од тука можеме да заклучиме дека се сериозни и за нивната апликација е потребно стручно медицинско лице со високо образование, лекар специјалист кој е едуциран за тоа да го работи стручно.

AngelsFm: За жал во последно време не се прашуваат стручните медицински лица кога станува збор за оваа проблематика, всушност повеќе се посетуваат козметичките салони. Зошто е тоа така? Дали мислите дека е поради ниската цена?

Д-р Анџелка Илиева: Пациентите не се доволно информирани зашто пред се претставуваат овие препарати, а потоа какви се опасности носат. Оние кои треба да го извршуваат тоа треба да бидат добро обучени за да може да ги препознае и спречи. Апсолутно не медицинските установи не  зависно дали се работи за козметички салони, фризерница не дај Боже…. не се наменети за апликација на медицински помагала. Овие се сериозни интервенции, апликација на нешто кое трае многу долго време. Се случуваат разни компликации може да се случат алергиски реакции кои знаат да бидат доста драматични и бурни. Јас не верувам дека во било кој козметички салон или фризерница имаат шок терапија на прво место. Но, не станува збор само за анти шок терапија туку за самите услови во една просторија во која што се врши, стругање на нокти, депилација на влакна. Овде е повеќе од јасно дека ова не се места каде што треба да се аплицира било каков медицински апарат или лек.

AngelsFm: Дали младата популација е дел од овој тренд?

Д-р Анџелка Илиева: Да за жал да. Дури и лица кои немаат завршено 18 години кое апсолутно е против законски и не смеат да се аплицираат никакви вакви апарати, да се вршат вакви естетски корекции на деца, на тинејџери. Бараат млади пациенти кои немаат потреба од тоа. Социјалните мрежи си го прават своето.

AngelsFm: И покрај терапијата дали може да останат трајни последици?

Д-р Анџелка Илиева: Не дај Боже кога на пример  има апликација на хијалуронски  филер во крвен сад каде станува збор за запушување на крвниот сад и изумирање на дел од ткивото поради истото запушување. Се разбира дека овие последици се трајни. Може да има лузни кои се непоправливи. За жал последиците може да бидат трајни

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *