Огромен успех доживеа македонскиот филм „Диџеј Ахмет“ на Георги Унковски кој ја имаше својата светска премиера на престижниот филмски фестивал Санденс, каде што ги освои Специјалната награда на жирито за креативна визија и наградата од публиката.Филмот веќе е продаден во Канада, Австралија, Нов Зеланд, Белгија, Луксембург, Холандија, Португалија, Шпанија, Израел и цела поранешна Југославија, објави „Варајати“, дополнувајќи дека во тек се преговори и за други територии.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *