Ладното време  во текот на новата седмица. Од утре, вторник 11 февруари не очекуваат и нови врнежи од дожд и снег

– Од вторник попладне, па во деновите потоа ќе има локални врнежи, кои ќе бидат претежно од снег и повеќе застапени во западните  и во југозападните предели од нашата Македонија. Во овие предели, во дел од градовите ќе се формира помала снежна покривка, а на планините, секако и Скијачките центри постојаната снежна покривка ќе се зголеми –

Сето ова ќе биде проследено, со слаб до умерен, повремено умерен ветер од источен и од југоисточен правец.

Синоптичарите најавуваат до среда да се задржи стабилно и суво време со студени утра, а потоа утринските температури да бидат во постепен пораст. Во среда во текот на ноќта и во четврток, се очекуваат повремени локални врнежи, претежно од снег.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *