Швајцарија е рангирана како најпаметна земја во светот, оценета според различни критериуми како просечен коефициент на интелигенција (IQ) и нивото на образование.
Меѓу главните фактори што се земени предвид во рангирањето се:
– Бројот на номинации за Нобелова награда;
– Бројот на универзитети со номинации за Нобелова награда;
– Просечниот национален коефициент на интелигенција (според скалата Лин-Бекер);
– Процентот на возрасно население со завршени најмалку додипломски студии;
– Процентот на возрасно население со завршени најмалку постдипломски студии.
Според резултатите, Швајцарија ја зазема првата позиција со вкупен резултат од 92,02 од можни 100 поени. Оваа мала, но економски силна европска земја не само што се смета за една од најубавите и најбогатите, туку сега може да се пофали и со титулата „најпаметна“.
Истражувањето покажува дека големиот број Нобелови награди значително го зголемува резултатот на земји како САД и Велика Британија. Сепак, многумина тврдат дека овие награди не се секогаш точен показател за модерната интелигенција.

