На социјалните мрежи од вечерва се споделуваат повици за протест во врска со сообраќајната несреќа се случи на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.
Во 13 часот пред пекарницата „Силбо“ – местото каде што смртно беше прегазена 22-годишната Фросина Кулакова.
Сообраќајката се случи вечерта на 29 јануари, петнаесетина минути пред полноќ. Девојката поминувала на пешачки премин кога во неа удрил автомобил со кој управувал 20-годишен скопјанец. Според наводите на Обвинителството, тој возел под дејство на алкохол, немал возачка дозвола и поминал на црвено. Момчето и претходно било гонето за други кривични дела – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
Во текот на постапката за овие дела момчето било во притвор, а скопското обвинителство поднело обвинение со предлог за продолжување на притворот. Судот, пак, ја укинал притворската мерка за обезбедување и одлучил момчето да биде испратено во воспитно-поправниот дом во Тетово.
Граѓаните револтирани и бараат правда. Згасна млад живот!
Фросина, почивај во мир.


