Кинеската лунарна Нова година, која оваа година започнува на 29 јануари, е најзначаен празник во Кина, а ваквите настани ја истакнуваат важноста на зачувувањето на традициите. Кинеската Нова година се слави на различни датуми според лунарниот календар, односно за време на втората млада месечина по зимската краткоденица на 21 декември. Според кинескиот календар, 2025 година е Година на змијата, која симболизира мудрост, умешност и виталност. Големо значење се посветува на детално чистење пред празничната прослава. Кинезите веруваат дека со чистење на домот се отстрануваат несреќите и тешкотиите, ослободувајќи простор за нови и позитивни случувања. 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *