Почина Коце Икономов, гитарист на Бис Без група која е темел на македонскиот рок и човек кој со својата појава не заостануваше многу од другите ѕвезди од 60-тите, со некоја скоро индијанскошаманска аура.
Бис Без, ко и сите групи во тоа време почнаа како верзија на Битлси, но прераснаа во многу повеќе од тоа. Како што се развиваше светскиот рок така и Бис Без се развиваа до прогресив рок и мешање на народното пеење во рокот, пред Дугме (Што е врева на сред село). Песнава ,,Било и поминало” е еден потценет хит со траење од скоро 10 минути, реткост во југословенскот рок во тоа време и во македонскиот рок воопшто.
Вечна му слава и благодарност за тоа што направи за македонскиот рок и македонската историја

