Нашиот капитен само две минути претходно не реализираше пенал кој можеше да ни донесе важна предност во финишот, но сепак спречи да биде трагичар со извонреден погодок од голема далечина.
Ремек-делото на ракометарот на Еурофарм Пелистер е еден од двата голови кои во досегашниот тек на втората фаза беа постигнати со звукот на сирената, па сосема очекувано, беше одбележан и од ИХФ.
Интернационалната ракометна Федерација ја потенцираше чистата моќ на македонскиот капитен во дадената ситуација, момент кој донесе повеќе од заслужено израмнување за нашите миленици.
Овој погодок ни го донесе првиот бод во втората фаза на мундијалот, која сега ја продолжуваме со дуел со Катар во четврток попладне.
ИЗВОР derbi.mk

