Романот “Зад маските” ќе ве натера да си поставете многу прашања и да го преиспитате својот живот. Овој роман со секоја страница открива нови предизвици и пресврти, илузија и реалност.

Ова дело на нашава позната авторка Ксенија Никола се најде во листата за Роман на годината 2024 година. AngelsFm ја контактираше Ксенија каде ни кажа дека за нејзе најважното нешто е читателската публика.

AngelsFm: Романот “Зад маските” е во трка за Роман на годината колку ова ти значи?

Ксенија Николова: Како некој што твори половина свој живот. Моето прво дело излезе на 19 години и дефинитивно препознавањето значи бидејќи тоа е поради нештата кои досега си ги постигнал. Но, многу значи довербата и лојалноста на читателската публика. Која одново и одново верува во она што јас го создавам и ги чита моите дела. Тоа за мене е најголемото признание. Секое дело може да се пријави во оваа трка и сите ние што сме постигнале нешто и што сакаме да си ја пробаме среќата. Таквите награди секако се симбол за препознавање, но за мене никогаш не биле најважни. Тоа што навистина е најважно е сепак читателската публика. Книгата живее се додека е читана.

AngelsFm: Дали овој роман “Зад маските” освен што беше промовиран во Скопје ќе добие промоција и во другите градови низ Македонија?

Ксенија Николова: Секаде каде што ме поканиле јас сум дошла. Имаме неколку разговори идеи за за промоција на романот во Струмица. Знам дека имам читатели и во помалите градови и со задоволство би дошла.

AngelsFm: Се пишува ли нешто ново, што да очекуваат љубителите на пишаниот збор од Ксенија?

Ксенија Николова: Да се пишува на повеќе теми ќе видиме. Сега за сега некако се уште сум во фазата во која работам за издавање на романот “Зад маските” надвор од Македонија. И додека нешто не се случи барем еден чекор напред да направиме во таа сфера, малку ми е тешко да се фокусирам сосема на новото дело. Но, оваа година активно ќе почнам да го создавам новото дело, но не знам кога ќе биде и кога ќе излезе. Сепак се работи за креативен процес.

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *