Студено утро со магла, а преку ден ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, особено во источните делови во земјата. Ова е временската прогноза за денеска, која предвидува дека минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 1 степен, а максималната од 3 до 11 степени.
Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), и следните денови ќе преовладува променливо облачно време со појава на утринска магла.

