Мето ди Флеш е човекот кој многу добро знае како да ги сплоти луѓето со најдоброто караоке во најдобриот и многу добро познат локал во Штип Angels cafe. Секоја недела забавата е загарантирана а Мето ди Флеш пред AngelsFm откри и кои се неговите планови за 2025 година.

AngelsFm: Одлични журки со штипската публика секоја недела во најдобриот локал во градот во Angels cafe. Дали публиката веќе е поопуштена за да го искаже својот талент спрема пеењето?

Мето ди Флеш: Од секоја недела до наредна недела се е подобро и подобро. Сето она кое што си го замислив ми се исполни. Не случајно велам дека музиката е една психотерапија, го ослободува духот кај човекот и се полни со позитивна енергија. Луѓето во Angels cafe се опуштени и многу ми е драго поради тоа.

AngelsFm: Која е тајната за да вистински ужива публиката?

Мето ди Флеш: Една од тајните дека ние сме како пријатели сите во Angels cafe како едно големо среќно семејство. Секогаш излегувам во пресрет кога тие имаат желба за некоја нивна посебна песна. И тоа е како некој волшебен круг па и од таму е и тајната. Најмногу барана песна од публиката на караоке журките е Minea- “Rano”

AngelsFm:  Дали наскоро да очекуваме нешто авторско од Мето ди Флеш?

Мето ди Флеш: Авторската музика бара голема посветеност, потребен ми е одмор. Но, сакам уште една песна тоа си го ветив себеси. Сигурно, ќе има уште една песна Мето ди Флеш  и пријателите. Еве, да ви откријам една тајна за AngelsFm песната е готова. Но, само преостанува да се среди јас се надевам дека 2025 ќе имаме нова песна нормално од Angels cafe.

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *