Подготовките и првичните активности поврзани со снимањето на играниот филм, серијата и документарниот филм за Тоше Проески, според најавите, треба да почнат во текот на оваа година.

„Средствата ќе бидат обезбедени од буџетот на државата преку Министерството за дигитализација, а проектот ќе го води Македонската радио-телевизија. Во проектот ќе бидат вклучени многу повеќе копродуценти, се надевам дека ќе бидат копродуценти речиси сите национални телевизии од Балканот, бидејќи навистина има многу голема заинтересираност“, изјави неодамна Љутков на брифинг со новинарите.

Тоше беше еден од најголемите ѕвезди на балканската музичка сцена. Роден е на 25 јануари 1981 година во Прилеп, како второ дете на Никола и Доминика Проески. Неговиот талент првпат е забележан на детскиот фестивал „Златно славејче“ во 1992 година, на кој настапува со песната „ Јас и мојот дедо“, испеана на влашки јазик и компонирана од Христо Христовски – Муларот.

Под мотото „Образованието е одговорност на сите“ на 5 октомври 2007 година го одржува својот последен концерт на Градскиот стадион во Скопје. Концертот беше поддржан од УСАИД, а имаше хуманитарен карактер.

Загина на 16 октомври 2007 година во сообраќајна несреќа на автопатот Загреб – Липовац, кај местото Нова Градишка во Република Хрватска, на возраст од 26 години.

Секоја година во неговото родно Крушево се одбележува годишнината од смртта, а во негова чест маратонци го трчаат ултрамаратонот од Нова Градишка до Крушево.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *