Милиони луѓе во светот на плоштадите во своите градови, во туристичките центри, во кафеани, ресторани, пабови или во семејна атмосфера во домовите ќе ја испратат 2024 и ќе ја пречекаат Новата 2025 година.

Новата година први ќе ја пречекаат жителите на пацифичката островска држава Кирибати (во 11 часот по македонско време), а во 2025-та последен, 26 часа подоцна, ќе влезе американскиот Бејкеров Остров (1 јануари во 13 часот по македонско време).

На пладне по наше време во 2025 ќе влезе Нов Зеланд, во 14 часот Австралија, во 16 Јапонија и Кореја, во 17 часот Кина, а час подоцна од 2024 ќе се простат Индонезија и Тајланд.

Спектакуларната прослава во Дубаи ќе биде во 21 часот по наше време, а час подоцна Новата година ќе се честита во Русија и Саудиска Арабија.

Неколку часа по нас, во Новата година влегуваат Бразил и Канада околу 5 часот наутро по наше време, а кога нашите клубови ќе започнат да ги затвораат вратите, Американците ќе се простат со старата година.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *