Консумирањето кафе има многу придобивки.
Во студијата учествувале 110.920 лица постари од 40 години на кои не им е дијагностициран дијабетес, карцином или кардиоваскуларни заболувања. Истражувачите го следеле дневниот внес на кафе и смртноста на учесниците во просек за девет години.
Резултатите од студијата посочија дека ризикот од рана смрт паднал за 21 процент кај учесниците кои пиеле повеќе од три шолји кафе на ден.
„Кафето е значително поврзано со намалување на инциденцата на кардиоваскуларни болести. „Една чаша на ден е поврзана со 42 проценти намалување на бројот на смртни случаи поврзани со срцеви заболувања“, заклучува студијата.