Европската медалистка и Балкански шампион, штипјанката Андреа Нисева е на базични подготовки во Тетевен, Бугарија од 2 до 22 декември, заедно со околу 30 други борачи
Талентираната борачка учествува на поканата на селекторот на бугарската репрезентација, Мирослав Гочев, кој е поранешен борач на Балканец. Ова се нејзините први подготовки под негово раководство, бидејќи Гочев беше избран за селектор на женското борење во Бугарија пред само една недела. Тој е одговорен за сите категории – кадетска, младинска и сениорска, до Олимпијадата во Лос Анџелес 2028 година.
Инаку Нисева на само 13 години започна да ги реди големите успеси како Државен првак на Бугарија, бронзен медал на Европското првенство У15 во Унгарија но и Балкански шапион.


