Македонската гајда, еден од најпрепознатливите народни музички инструменти, доби светско признание како нематеријално културно наследство. „Изработката и свирењето на гајдата ја промовираат солидарноста и културниот идентитет, служат како мост помеѓу генерациите и поттикнуваат меѓународна соработка“, се наведува во одлуката за впишување.
На седницата беше прикажан документарен филм за традиционалната изработка и свирење на гајда, што дополнително го потврди значењето на инструментот. Со впишувањето на гајдата, Македонија сега има шест впишани добра, од кои две се заеднички со Турција. Признанието отвора нови можности за заштита, промоција и зачувување на ова културно богатство за идните генерации.
УНЕСКО продолжува да поддржува традиции и вештини што ја збогатуваат светската културна сцена, поттикнувајќи нивно зачувување и вреднување.