Црвениот крст на Македонија го одбележува 5 декември, Светскиот ден на волонтерството, со пригоден настан, посветен на признавањето на несебичната посветеност и непроценливиот придонес на волонтерите ширум светот. Овој ден е важна прилика да се нагласи значењето на волонтерството како двигател на позитивни промени во општеството и како поттик за солидарност и хуманост.
Волонтерите се темелот на заедниците – тие работат безусловно и со страст за да помогнат таму каде што е најпотребно. Со својата посветеност, тие носат надеж, солидарност и создаваат важни врски во општеството, што води кон подобрување на животите на поединците и заедниците. Понатаму, нивниот труд не само што допринесува за локални промени, туку и за глобални цели како што се правдата, еднаквоста и одржливиот развој.
Оваа година, Светскиот ден на волонтерството се одбележува под мотото: „Во заштита на хуманоста“, потсетувајќи нè дека само преку здружена акција, солидарност и активно учество можеме да изградиме поинклузивен и праведен свет за сите.
Црвениот крст на Македонија им оддава искрена благодарност на сите волонтери за нивната инспиративна работа и непроценлива поддршка на заедницата. Истовремено, ги охрабруваме сите да се вклучат во волонтерски активности, бидејќи волонтирањето не е само начин за помагање на другите, туку и за личен раст, стекнување нови искуства, пријателства и вредности кои не збогатуваат како луѓе и како општество.