Понеделник е идеален ден за започнување на нови предизвици и мотивирање за вежбање, а ние денеска ви го претставуваме фитнес центарот на познатиот каратист Емил Павлов- Power Fit by Emil Pavlov. Со работа започна пред седум месеци а овде редовно доаѓаат над 70 клиенти. Во продолжение дел од тоа како функционира Power Fit и колку се задовлни клиентите но и Емил Павлов….
ЕМИЛ: Можам да кажам дека сум многу задоволен од досегашната работа на овој фитнес центар. Бидејќи, како што поминуваат месеците бројот на членови се зголемува се повеќе и повеќе. Во овие неколку месеци, работиме ефективно, интензивно а со тоа има и голем број на задоволни клиенти, што на мене ми претставува голема чест. Има клиенти кои досега немале физичка активност, но со моето долгодишно искуство во спортот сакав тоа да го пресликам на нив и да им покажам колку само е важна физичката активност.
ANGELS FM Емил веќе седум месеци функционира Power FIT. Може ли да ни кажеш малку повеќе за овој фитнес центар? Колку дена во неделата се вежба овде? И во колку групи се поделени клиентите?
Емил: Power Fit моментално има четири групи од кои две се женски , додека пак другите се мешани групи. Работиме трипати неделно, бројката на една група се сочинува од 15 луѓе бидејќи не сакам да биде преполно. Сакам пред се да се посвети повеќе внимание на секого. Обично првиот тренинг во неделата е за долен дел од телото односно долни екстремитети, среда за горен дел од телото и петок е кардио-тренинг. Освен групни тренинзи моментално работам и индивидуални тренинзи но и со спортисти, бидејќи тоа и најдобро го знам како спортист. Изминатите месеци сум горд и среќен поради се поголемата заинтересираност, има луѓе што никогаш во животот немаат направено ниту еден склек или згиб а сега прават и преку 20, го засакуваат спортот практикуваат и здрави навики. Мој приоритет е да научат правилно да вежбат бидејќи само така ќе се постигне резултати и нема да има повреди. Најмногу зависи од самите клиенти колку даваат од нив толку ќе има и подобри резултати.
ANGELS FM За овие седум месеци имаш и кленти со големи трансформации и резултати. Може да ни кажеш повеќе за ова?
Во овој фитнес центар направивме големи резултати. Еден клиент дојде со 99 килограми, покачен холестерол и за краток период од три месеци успеа да симне 22 килограми и навистина го промени неговиот физички изглед. Имаме и други здравствени случаеви со проблеми каде што и сугерирам да практикуваат поголема физичка активност. Можам да кажам дека имаме и кленти кои работат канцелариска работа со болки во половината, грбот за период од две недели ги немаат тие проблеми а клиентите се задоволни. За мене тоа е голема мотивација. На мене спортот ми дал многу во животот па затоа јас сакам сето тоа да го пренесам во општетството. Бидејќи кога имаме физичка активност ќе бидеме подобри на секое поле.
ANGELSFM Кој се подициплинирани Дали мажите или жените?
Емил: Нема правило јас се трудам да бидат максимално дициплинирани на трениг да дават максимум и можам да кажам дека од досегашното искуство и мажите и жените се дициплинирани а резултатите се неизбежни.
ANGELS FM Совет за престојните празници кога станува збор за Физичка активност и на што да внимамваме?
Емил Кога има празници постојано се мисли на храна и пијалоци особено ова важи за нас Балканците. Но мој совет е што е можно поумерено, да се припазува да не се претерува, бидејќи најголемите здравствени проблем се од неконтролираната, небалансирана и нездрава исхрана. Доколку тоа се среди навистина ќе имаме поквалитетен живот