Легендарниот шпански тенор и диригент Пласидо Доминго, ќе одржи концерт во Скопје на 14-ти март следната година.

Настапот ќе се одржи во салата „Борис Трајковски“, а со Доминго ќе настапи и италијанската сопранистка Марија Жосе Сири.

Хозе Пласидо Доминго Ембил е шпански оперски пејач и диригент со преку 150 оперски улоги на италијански, француски, германски, шпански, англиски и руски јазик во најпрестижните оперски куќи во светот. Има освоено 12 Grammy награди.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *