Поради ова денеска реагираа и од политичките партии
Од страна на советникот од партијата Левица, Ангеле Михајловски, поднесени се 100 амандмани со цел „блокирање на донесување на одлука за продажба на општински имот во Штип“. „Оваа одлука, сама по себе е скандалозна, поради фактот што објектот што е цел на продажба е објект со утврдено својство на Споменик на културата со режим од втор степен на заштита, утврден со решение број 0801-72 од 23.02.1994 година. Поточно, на денешната 54-та седница на Советот на Општина Штип, како точка на Дневен ред е дополнување на одлуката за Продажба на недвижна ствар (деловен простор – хотел), односно споменатиот споменик на културата.
Во изминатите 3 години, локалната власт на ДПМНЕ во Штип изгласа неколку вакви одлуки за продажба на општински имот:
– објект, сопственост на ЈП Стипион;
– 2 деловни објекти, сопственост на ЈП Исар;
– објект во кругот на Домот на млади…
Поради овој крајно несериозен пристап на локалната власт во Штип, единствен начин да се застане на патот за донесувањето на вакви штетни одлуки, е примена на филибастеринг од страна на советникот Михајловски од Левица“, велат од партијата.
Последните информации кои ги добивме од локалните власти е дека најстариот хотел „Гарни’ ќе биде заштитен и реставриран. Новиот инвеститор ќе има јасно дефинирани услови по кои ќе стопанисува со најстариот хотел во градот кој е изграден во 1924 и обележје на Штип .
Изјава на Иван Јорданов Градоначалник на Штип
„Општина Штип нема дејност да управува со хотел, ниту пак има ресури да го менаџира, ниту пак професионално може да го работи тоа. Жалам што во минатото Хотел „Гарни“ бил изнамјуван за симболични износи на одредени стопанственици од нашиот град кои не се придржувале кон договорите за соодветна рехабилитација, реставрација и инвестирање во рамки на објектот. Не само што немало инвестиција туку не се плаќале надоместоците кон општината и покрај тоа што биле симболични. Ова се причините за предвремено раскинување на договорот и да влеземе во фаза на оживување на овој објект односно ставање во функција“ истакна во Интервју за Радио ANGELSFM Иван Јорданов-градоначалник на О.Штип ( 03.07.2024)
„Ние можеме да го зачуваме хотелот како музеј на градот но Опцијата е или да биде еден вид музеј или да си ја задржи намената која е потребно односно да ја има со вистински реставриран изглед во центарот на градот. Ние одлучивме да биде втората опција затоа што на тој начин ќе имаме функционален објект.
Условите не дозволуваат да Хотелот биде срушен или на негово место да биде изграден некој друг објект додаде Јорданов