Владо Јаневски ќе одржи предновогодишен концерт во Скопје, во салата „Јане Сандански“ на 27 декември, објави „Авалон“.При крајот на 2023 и во јануари годинава Јаневски одржа пет концерти во Филхармонијата, со кои прослави 30 години кариера и еден полн концерт во август во Антички театар во Охрид.Владо Јаневски е првиот македонски претставник на Евровизија, во Бирмингем во 1998, со песната „Не зори зоро“.Владо Јаневски без дилема е еден од омилените на публиката. Речиси сите негови песни се големи хитови, има верна публика повеќе од 30 години.