Македонската фудбалска репрезентација заврши како прва Ц дивизија од Лигата на нации и се и од следниот цицклус ќе играме во Б дивизијата. Со цели 16 бодови во овој циклус во кој сме без пораз, и на пет меча , пет победи и во кои без примен гол.

Македонија оствари низа рекорди со шесте настапи кои ги имаше во Лигата на нации, не само поради историскиот пласман во Сегментот Б, туку и поради бројките кои беа остварени во дуелите со Фарски Острови, Ерменија и Летонија.

Националниот тим за првпат од постоењето запиша пет победи во низа во било какво официјално натпреварување, учинок до кој се стигна со последните две победи во изминатите неколку дена.

Втор историски рекорд е умешноста да се зачува својата мрежа на сите пет последни натпревари, што исто така првпат се гледа од еден македонски тим од самото постоење.

Столе Димитриевски стана првиот голман кој не прими гол на три натпревари во низа, но во овој ноемвриски циклус го подобри својот историски рекорд, па сега истиот изнесува пет натпревари.

Благодарение на тоа, Македонслата фудбалска репрезентација ќе подели премија од 600.000 евра од средствата на ФФМ.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *