Андреа Нисева на Државното првенство на Бугарија во Враца го освои првото место во кадетска конкуренција (У-17) со четири убедливи победи, сите добиени со технички туш. Со ова обезбеди место во кадетска репрезентација. По завршувањето на Државното првенство Андреа Нисева со нејзиниот тренер замина на подготовки во Јалова,Турција, од 11 до 20 ноември.