Во првата половина од 2024 година вредноста на вкупните трансакции направени кон интернет продавниците од Македонци дома и во странство, како и од иматели на странски картички изнесува 20,899.8 милиони денари или 339.8 милиони евра.
При тоа кон македонските е-трговци биле направени онлајн трансакции во вредност од 210.2 милиони евра од домашни и странски иматели на платежни картички. Тоа преставува учество од 61.8% во вредноста на направените вкупни онлајн трансакции.
Онлајн трансакциите важат и во земјава и во странство. Најмногу се трошело во Англија Холандија, Унгарија, Бугарија, САД, Грција и Германија. Во Македонија најмногу се купува облека на интернет со 68,4%, но сепак Албанија го држи првото место за направени нарачки на облека во последните три месеци, односно 91%.