За ова да профункционира потребни ќе бидат законски измени, но она што досега е познато е дека во иднина со овие камери ќе се казнува за брзо возење и поминување на црвено, а се прават напори да се казнува и за неносење појаси, лошо и опасно престројување и непрописно паркирање на коловозните ленти. Инаку, овој проект имаше своја проба во месец јуни кога за само два часа тестирање на системот биле забележани околу 5.000 сообраќајни прекршоци.