Ова би можело да стане најскапата катастрофа што некогаш ја погодила Шпанија. Интензивните дождови во Шпанија, се припишуваат на феноменот познат како „ладна капка“ кој настанува кога ладниот воздух минува преку топлите води на Средоземното Море.

Најмалку 95 лица загинаа во разорните поплави кои ги зафатија југоисточните делови на Шпанија, а по десетици исчезнати лица се уште се трага. Валенсија и околните населби се најтешко погодени, а според експертите, поплавите би можеле да станат најскапата катастрофа што некогаш ја погодила Шпанија. Претходно, најскапите поплави беа во провинцијата Бискеј во 1983 година, кога обилните дождови ја зафатија областа БилбаоАналитичарите од осигурителниот пазар во Шпанија предвидуваат дека поплавите што се случија во средата ќе станат најскапата природна катастрофа во историјата на земјата.

Фудбалскиот стадион „Местаља“ во Валенсија денеска е претворен во центар за собирање храна и помош за настраданите во оваа шпанска провинција на југоистокот на земјата која беше погодена од разорни поплави.

Откако најмалку 72 лица загинаа во излевање на локалните реки и лизгање на земјиштето, шпанскиот фудбалски прволигаш го стави на располагање својот дом со 49.430 седишта.

„Волонтери ќе собираат донации за настраданите“, соопшти клубот.

Локалните медиуми јавија дека од попладнево на стадионот почнало собирањето храна, облека и други потреби.

Шпанската провинција Валенсија е погодена од најсмртоносната природна катастрофа во последните четири децении.

Сè уште се трага по десетици луѓе, а на многумина им се уништени куќите.

Настапите на локалните фудбалски и кошаркарски клубови закажани за денеска се откажани.

Шпанија прогласи тридневна жалост, а премиерот Педро Санчез ќе утре ќе ја посети провинцијата

 

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *