„Форбс“ објави листа на најдобри создавачи на содржини на социјалните мрежи и Јутјуб за 2024 година. Индустријата за инфлуенсери се проценува дека вреди 250 милијарди долари денес, а „Goldman Sachs“ предвидува дека таа бројка ќе порасне на речиси 500 милијарди долари до 2027 година.
На листата се најдоа 50-те најуспешни креатори кои заедно заработиле 720 милиони долари во последните 12 месеци, што е скок од 20 милиони долари во споредба со истата листа минатата година.
„Од минатата година, врвните креатори на „Форбс“ додадоа повеќе од 100 милиони следбеници на нивниот вкупен број – сега можат да се пофалат со повеќе од 2,7 милијарди следбеници на YouTube, TikTok и Instagram“, пишува магазинот.
За да ги рангира светските креатори, „Форбс“ собра податоци за проценетата бруто заработка, бројот на следбеници, стапките на ангажман и претприемачките активности на илјадници личности на Интернет со помош на маркетинг фирмата „Influential“. Според таа пресметка, ова се првите десет:
10. Хаби Лејм
Заработка: 20 милиони долари
Вкупен број на следбеници: 255 милиони
Ангажман: 0,25%
Успех во претприемништвото: 3
Го нарекуваат Чарли Чаплин на дигиталните медиуми. Тој е најследениот човек на „ТикТок“ со вкупно 163 милиони следбеници и вкупно 2,5 милијарди лајкови. Тој има профитабилни договори со брендовите „Hugo Boss“, „Fortnight“ и „Sony Pictures“, а направи договор и со американскиот малопродажен гигант „Walmart“. Живее во Италија, а вие го знаете поедноставно како „оној тип што само ги крева рамениците пред камерата, без да каже ни збор“.
9. Рет и Линк
Заработка: 36 милиони долари
Вкупен број на следбеници: 14,3 милиони
Ангажман: 0,25%
Успех во претприемништвото: 4
Основачите на брендот Mythical YouTube го претворија својот комичен канал во мултимедијална империја. Нивното шоу „Good Mythical Morning“ има 19 милиони претплатници, додека кулинарското шоу „Mythical Kitchen“ има 3,9 милиони следбеници. Тие продаваат брендирана облека и додатоци, имаат поткаст, настапуваат низ САД и преку „Mythical Ventures“ инвестираат во креатори кои штотуку стануваат успешни.
8. Алекс Купер
Заработка: 22 милиони долари
Вкупен број на следбеници: 5,7 милиони
Ангажман: 6,5%
Успех во претприемништвото: 4
Таа го претвори својот поткаст „Call Her Daddy“ во медиумски гигант. Во есента 2024 година, таа потпиша договор вреден 125 милиони долари со „SiriusXM“ за нејзината мрежа на емисии во сопственост на креаторите на „SiriusXM“. Договорот ќе стапи на сила во 2025 година, заменувајќи го договорот од 60 милиони долари што претходно го имаше со „Spotify“.
Неодамна беше домаќинка и на кандидатката за американскиот претседател Камала Харис.
7. Марк Робер
Заработка: 25 милиони долари
Вкупен број на следбеници: 61,9 милиони
Ангажман: 2,09%
Успех во претприемништвото: 3
Поранешниот инженер на НАСА кој стана креатор на содржина речиси ја удвои својата база на претплатници на YouTube во 2024 година, од 30 милиони претплатници на повеќе од 57 милиони. Снима различни научни експерименти. Компанијата на Робер, „Crunch Labs“, дополнително заработува со продажба на кутии за претплата на тема STEM на деца и почнувајќи од април, линија на производи наменета за тинејџери и возрасни.
6. Дикси Д’Амелио
Заработка: 14,60 милиони долари
Вкупен број на следбеници: 87 милиони
Ангажман: 1,88%
Успех во претприемништвото: 4
Дикси Д’Амелио можеби не објавува толку често како пред неколку години (кога Форбс ја прогласи за втора најуспешна личност на ТикТок), но таа е порелевантна од кога било. Капитализирајќи ја почетната слава на нејзината сестра Чарли (#4 на оваа листа) на социјалните мрежи, Дикси се фрли во модните содржини.
Нејзините партнерства ги вклучуваат „Chopard“, „Ferragamo“, „Louis Vuitton“ и „Valentino“. Заедно со сестра ѝ ја развива семејната линија на обувки D’Amelio Footwear. Таа се занимава и со музика – нејзиниот сингл „Be Happy“ има повеќе од 100 милиони слушања на „Spotify“.
5. Близнаците Стоукс
Заработка: 20 милиони долари
Вкупен број на следбеници: 113,7 милиони
Ангажман: 3,09%
Успех во претприемништвото: 3
Идентичните близнаци Алекс и Алан Стоукс го водат еден од најбрзорастечките канали на YouTube, Stokes Twins. Тие имаат повеќе од 100 милиони следбеници на TikTok, Instagram и YouTube. Во текот на изминатите 12 месеци, нивните објави привлекоа повеќе од 4 милијарди прегледи. Се чини дека нивното време допрва доаѓа.
4. Чарли Д’Амелио
Заработка: 23,50 милиони долари
Вкупен број на следбеници: 213,5 милиони
Ангажман: 0,27%
Успех во претприемништвото: 4
Чарли Д’Амелио беше најпрофитабилната тиктокерка на само 18 години. Во 2021 година, таа само танцуваше пред камерите. Неколку години и илјада имитатори подоцна, Д’Амелио останува меѓу најследените луѓе на TikTok. Таа започна линија на чевли со гореспоменатата сестра, стана актерка во мјузикли и се чини дека е незапирлива.
3. Мет Рајф
Заработка: 50 милиони долари
Вкупен број на следбеници: 30,4 милиони
Ангажман: 3%
Успех во претприемништвото: 3
Комичарот Мет Рајф ја искористи својата дигитална популарност за да заработи од настапите во живо. Стенд-ап комичарот, кој стана вирален на TikTok во 2022 година, заработи десетици милиони оваа година со продажба на емисии во живо (кои ги одржува околу 30 месечно).
Тој глуми во две специјални комедии на Нетфликс. Во декември, Рајф планира да објави мемоари со наслов „Your Mom’s Gonna Love Me“.
2. Дар Мен
Заработка: 45 милиони долари
Вкупен број на следбеници: 120 милиони
Ангажман: 0,33%
Успех во претприемништвото: 4
Злоупотреба, расизам, нееднаквост – ова се темите со кои се занимава Дар Мен и неговиот тим од повеќе од 150 луѓе. Неговиот канал на YouTube има 23 милиони претплатници. „Од самиот почеток, целта беше да им се помогне на луѓето кои минуваат низ тешки моменти во својот живот. Тешки времиња низ кои поминав и јас“, рече тој.
Во текот на изминатата година, заработи 45 милиони долари преку Google Adsense и партнерства со брендови како WhatsApp, Universal и SocialPoint. Мен, исто така, води маркетинг агенција (5th Quarter Agency) и козметички бренд (LiveGlam).
1. Мистер Бист
Заработка: 85 милиони долари
Вкупен број на следбеници: 503 милиони
Ангажман: 2,38%
Успех во претприемништвото: 4
Мистер Бист има повеќе од 500 милиони следбеници на социјалните мрежи, што го прави најследен креатор во светот. Вистинското име Џими Доналдсон има повеќе од 320 милиони претплатници на неговиот главен канал на YouTube и речиси 9 милијарди прегледи само во минатата година.
Сето тоа благодарение на видеата кои прикажуваат екстремни акробации (преживување во пештера една недела) и различни предизвици (поминување 100 дена во бункер за да освоите 500.000 долари).
slobodenpecat.mk