Остануваат уште неколку дена пријатно есенско време
Според најновото ажурирање на Европскиот метеоролошки модел (ECMWF), почнувајќи од 2 Ноември и во деновите што следуваат, територијата на целиот Балкан ќе биде зафатен од многу ладен бран кој ќе се спушти од северот и од североистокот на Европскиот Континент. Во поголем дел од Балканот барем според информациите со кои располагаат досега ќе се формира снежна покривка од 5 до 10 cантиметри. Се очекува дека ннајпогодена од овој снежен бран да биде Босна и Херцеговина каде се очекува од 15 до 20 сантиметри снег во градовите, а над 30 сантиметри снег на планинските места.
– Со овој ладен бран очекуваме и минусни температури, па така со ова го очекуваме и првиот сериозен мраз за оваа сезона.