Изминатиот викенд се одржа единствениот фестивал на забавна музика во Македонија  „Макфест“  годинава 39-то издание по ред. Во петок односно првата фестивалска вечер настапуваа дебитанти додека пак втората беше ревијална за веќе искусните пејачи или вкупно се претставија 28 нови композиции. И годинава немаше промена околу наградите организаторот одлучи да се додели награда само за најслушана песна во текот на целата година.

Но она што навистина треба да се напомене е тоа дека и годинава Макфест можеа да го проследат само одредена група на луѓе односно публика, бидејќи невозможно беше да се купи карта. Доколку отидевте на билетара во Домот на Културата  „Ацо Шопов“ ќе ви кажеа дека картите веќе се распродадени. ( Сведочат граѓани со кои имавме комуникација) 

Но се поставува прашањето на Кого? Јавноста знае дека 90% од картите се за вработените во државната администрација, локалната самоуправа и раководството на Општина Штип и секако на партиите, па доколку обичен граѓанин би посакал да си купи карта и да го проследи фестивалот тоа веќе неколку години по ред е невозможно и недостапно.

Како и да е, да се надеваме дека ова  ќе се промени во иднина. Фестивалот е на Штип,штипјани, на Македонија а не на државните институции.

Се надевамe дека организаторите ќе го слушнат гласот на публиката и ќе направат подобрувања во иднина.

КАРТА ЗА СЕКОГО 🙂

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *